Македонија ќе ја подобрува конкурентноста

Bez autora
Oct 06 2010

Македонија заедно со уште шест земји од регионот во следните три години ќе работи на подобрување на конкурентноста на компаниите преку забрзување на иновативноста и акумулацијата на човечкиот капитал. Тоа е дел од регионална иницијатива финансиски поддржана од Европската комисија, што ќе ја спроведува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) до средината на 2013 година. Во овој период ќе се анализираат состојбите на полето на конкуреноста во земјите од регионот, а ќе се поддржат и најатрактивните проекти во областа на иновативноста и на човечкиот капитал. Заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, смета дека во следните 3 години клучно е да се идентификуваат најсоодветните и најпотребните проекти. Да се подобри конкурентноста преку забрзување на текот на иновациите и забрзување на текот на акумулација на човечкиот капитал.

Македонија ќе ја подобрува конкурентностаМакедонија заедно со уште шест земји од регионот во следните три години ќе работи на подобрување на конкурентноста на компаниите преку забрзување на иновативноста и акумулацијата на човечкиот капитал.

Тоа е дел од регионална иницијатива финансиски поддржана од Европската комисија, што ќе ја спроведува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) до средината на 2013 година.

Во овој период ќе се анализираат состојбите на полето на конкуреноста во земјите од регионот, а ќе се поддржат и најатрактивните проекти во областа на иновативноста и на човечкиот капитал.

Заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, смета дека во следните 3 години клучно е да се идентификуваат најсоодветните и најпотребните проекти.

- Да се подобри конкурентноста преку забрзување на текот на иновациите и забрзување на текот на акумулација на човечкиот капитал - потенцираше Хаџи-Васков на вчерашниот работен состанок посветен на иницијативата за регионална конкурентност на Западен Балкан.

Според Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија, поттикот да се инвестира во иновативноста ќе им помогне на македонските компании да бидат конкурентни на европскиот пазар, а со самото тоа ќе се зголеми и извозот, кој, како што рече, не е на завидно ниво.

- Поттикот да иновираат малите и средни компании, не само од аспект на производство на нови производи, туку и од аспект на иновација во многу поширока смисла на зборот, како што е воведување на нови менаџмент системи и нови стратешки планови, нов концепт на развој на производи, ќе им помогне на нашите компании со овие проекти да се изборат за конкурентско место на европскиот пазар - смета Аризанковска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik